Купувајте чевли во среда, слабејте во зима

Марк Ди Винчензо, автор на книгата „Водич: Купувајте чевли во среда и твитајте во 16:00“, тврди дека за секоја активност постои точно одредено идеално време, и дека токму доброто управување со времето може да помогне при штедењето пари, подобрување на здравјето и носењето попаметни одлуки во кариерата.

Марк поминал обемни истражувања проучувајќи ги потрошувачките навики, трендови и движењето на распродажбите, за крајните резултати да ги објави во книгата.

Според неговите зборови, доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми, најголем успех ќе остварите во текот на зимските месеци бидејќи во тој период маснотиите ги согоруваат калориите, наместо да ги потхрануваат.

Вработените кои сакаат да напредуваат на работното место треба со своите надредени да разговараат во јануари, бидејќи фискалната година завршува во декември, па во јануари помалку се внимава на трошоците. Освен тоа, Марк Ди Винчензо открил дека најдобро е чевлите да ги купуваат во среда оти точно на тој ден продавачите нудат попусти и до 40 отсто, а постовите на Твитер објавувајте ги во 16 часот бидејќи баш во тоа време корисниците на Твитер се најактивни.

Прочитајте и:  Младата поетеса Пауновска, во Данска направи промоција на книгата поезија „Нецелосна“

Во теретана е најдобро да се зачлените во текот на летните месеци затоа што тогаш најчесто се намалува бројот на корисниците, па цените за членарина се делумно пониски. Автомобилот однесете го на сервис во понеделник, бидејќи работниците најчесто не доцнат во првиот работен ден од неделата, па шансите да завршите побрзо се големи.

Идеално време за куќни обврски е 16 часот, бидејќи тогаш имате најмногу енергија и подобро сте расположени, па нема да паднете во депресија од самата глетка на правосмукалката. Најдобро време за докторски преглед е во девет часот наутро, особено ако интервенцијата вклучува анестезија. Имено, шансите за компликација со анестезија во попладневните часови се и до четири пати поголеми, а освен тоа и докторите се поуморни попладне отколку наутро. [‘Buy Shoes on Wednesday and Tweet at 4′ Author Reveals Secrets of Timing]

- Реклама -