Чаирскиот градоначалник Висар Ганиу не е вмешан во инцидентот со Ваљон Беља, велат од општината

„Градоначалникот на Општината, Висар Ганиу нормално дека во текот на денешниот ден од 8 часот и 39 минути наутро се наоѓа на своето работно место вршејќи ги своите дневни професионални обврски предвидени според агендата. Не е вистина тоа што го пишуваат порталите. Јас би ве замолил да се обратите до органите на јавниот ред, односно во МВР, од каде треба да излезат со извештај за случајот кој се случи во текот на вчерашниот ден“, вели Куштрим Ала – портпарол на Општина Чаир, за ТВ 21.

Прочитајте и:  Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични
- Реклама -