Чаша вино е штетна колку три водки

Пиењето на голема чаша вино може да предизвика исто толку штета како три „водка шотс“. Официјалните здравствени лица предупредуваат дека како резултат на непознавањето на овој факт, меѓу луѓето владее епидемија на болести на црниот дроб.

Според британското NHS (National Health Service), 250 милилитри вино содржат 3 единици на алкохол, исто колку што содржат и три чашки водка.

Данкан Селби, директор на Public Health England, предупредува дека болестите на црниот дроб се „тивок убиец“, кој сега причинува пет пати повеќе смрт меѓу возрасните, отколку во 1970-те.

vodka-shots[1]

„Моментално, болестите на црниот дроб се трета најголема причина за смртност кај возрасните, по срцевите болести и самонаштетувањето. А се тивок убиец, бидејќи кај дури 75% од луѓето цирозата е дијагностицирана дури откако ќе завршат во болница“, вели Селби.

Прочитајте и:  Лекар тврди дека популарни додатоци во исхраната можат да предизвикаат оштетување на црниот дроб

Тој смета дека превенцијата е лесна, кога ќе се земе во предвид дека алкохолот е во топ 3 најголеми ризични фактори за заболување на црниот дроб.

„Луѓето пијат чаша вино и немаат претстава колку многу пијат – гојазност и вирален хепатитис“, додава Селби.

- Реклама -