Чавков ја подарува „вилата на Халкидики“

По пресудата во случајот за упадот во Собранието на 27 април, во кој екс-директорот на Бирото за јавна безбедност – Митко Чавков, доби најголема казна од сите обвинети – 18 години затвор, со своја реакција тој се огласи на Фејсбук. Тој го оцени обвинението како неосновано, а казната како драконска, повикувајќи ги симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и останатите граѓани да се обединат околу каузата за поразување на, како што ја нарече, „злосторничката организација која ги окупира сите институции“.

Чавков најави и тужба за „фингираната белешка“ која го врати во притвор, а истовремено упати и предизвик до новинарите, кои иронично ги нарече „истражувачки“ – ќе им ја подари наводната вила на Халкидики, ако ја најдат и докажат дека воопшто постои.

- Реклама -