„Чеченскиот Шварци“ доби подарок Мерцедес… „Чеченскиот Шварци“ има само 5 години

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров му подари Mercedes-Benz на петгодишно дете откако малово наводно постави светски рекорд. Според чеченскиот министер за спорт, 5-годишниот Рахим Куриев, викан и „Чеченскиот Шварценегер“, направил 4.105 склекови за 2 часа и 25 минути, а рекордот му го посветил на чеченскиот претседател Кадиров.

Кадиров, трогнат од гестот, го посетил малиот бодибилдер и лично му врачил клучеви од бел Mercedes-Benz C-Class, како награда за постигнатото.

„Оваа кола ја добиваш на подарок од ‘Ајман Кадирова’ (фондацијата на претседателот Ахмат Кадиров, таткото на Рамзан, а наречена по мајка му). Дај му ја на татко ти за да те вози наоколу, заслужуваш да се возиш во бел Мерцедес“, му рекол Кадиров на малиот Рахим, пренесува RIA Novosti.

На тоа малиот се пофалил дека може да направи и 5.000 склекови, ако треба, а тоа го демонстрирал правејќи склекови на хаубата на Мерцедесот.

Оттогаш Рахим е локална селебрити личност во Чеченија. Неговиот Инстаграм е полн со фотографии и видеа од чеченскиот Шварци. На некои крева тегови, на други прави склекови, на трети се бори на рака, на четврти има „лесен“ спаринг во боречки вештини со негови врсници…

 

View this post on Instagram

 

Легкий спаринг бокс#спорт#тренировка#бокс#4года#грозный#ростов

A post shared by Куриев(Вазаев) Рахьим (@rahimkurievvazaev) on

Сепак, Рахим Куриев ќе мора да го повтори подвигот ако сака рекордот да му биде признаен од Руската книга на рекорди, бидејќи при првото поставување, како што велат од таму, имало одредени „минорни проблеми“. Кадиров, од друга страна, има целосна доверба дека малиов ќе испорача, додавајќи дека се надева дека комисијата за рекорди ќе има доволно трпение за да ги доброи склековите.

Во меѓувреме, ги направил склековите или не, чеченскиот Шварци веројатно сепак ќе остане рекордер – најмладиот сопственик на бел Mercedes-Benz C-Class.

- Реклама -