Чекањето на граничните премини Богородица и Дојран трае околу еден час, додека на Табановце е потребно 40 минути.

Во текот на летните одмори, вообичаено е зголемено движење на возила на граничните премини со Србија и Грција.

Авто мото сојузот на Македонија ја информира јавноста дека времето на чекање за влез на Табановце изнесува околу 40 минути, додека на премините Богородица и Дојран времето на задржување е околу еден час.

Според податоците од АМСМ, на останатите гранични премини не се забележуваат подолги чекања за влез и излез од државата.

Прочитајте и:  Груевски не се крие повеќе во Будимпешта, истакнува Филипче по падот на Орбан