На прв поглед, тие изгледаат како чуда од животинското царство.
Но, ако погледнете малку поблиску ќе забележите женска рака од една страна, нејзината нога ѕирка на друга, или линијата на нејзиното торзо извиткана во извонредна поза.
Сите овие извонредни слики се создадени од уметникот за „концепт на тело“ Ема Феј- со мала помош од извиткани тела кои актувале како човечко „платно“.
27-годишната Феј, од Лестер, ја усовршува својата необична уметност веќе три години, а претходно имала салон за убавина.
За секоја од цртежите во нејзината животиска серија „Чудата на природата“, која вклучува морско конче, мандрил, зебра и рак, биле потребни од четири до шест часа за да се создаде од почеток до крај.
Моделите носеле заштитен костум кој ја покривал нивната интима, а потоа Феј ги повекувала компонирачките црти на нивните тела. Тие дејствувале како водич за да се осигура дека нејзините цртежи ќе излезат во оптичките илузии кои ги посакува. Некои од позите биле толку тешки што можеле да издржат во нив само неколку минути, но поголемиот дел од цртањето било правено во поудобни пози, односно лежејќи.
„Фотографирањето е само во последните пет минути од целиот процес“, вели Феј. „Фотографиите секогаш имаа одличен одзив. Луѓето го сакаат аспектот на оптичката илузија од овие слики“, додава таа.