Почнувајќи од денеска верниците од муслиманската вероисповед го празнуваат најголемиот муслимански празник Курбан Бајрам.
Тој исто така е најзначајниот исламски празник кој доаѓа два месеци и 10 дена после Рамазанскиот бајрам. Поради пресметките на времето по лунарниот календар, Курбан Бајрам не се слави секоја година во исто време.
Им посакуваме да го поминат во духовен мир, споделувајќи љубов со најблиските.