Честитка од Ахмети за Денот на независноста на Албанија: Нашите заложби за слобода, еднаквост, независност, знаме и јазик никогаш не треба да престанат

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, упати честитка до албанскиот народ по повод 28 Ноември, порачувајќи дека слободата не е дестинација, туку трајно и незапирливо патување.

„Почитувани браќа и сестри сонародници,

Од се срце ви го честитам денот на знамето и независноста на Албанија.

Оваа 112-годишнина од најсветите денови на нашата албанска нација не потсетува дека напорите за слобода, еднаквост, независност, знаме, јазик се секојдневни и нашите заложби никогаш не треба да престанат, бидејќи слободата не е дестинација, туку постојано и незапирливо патување.

Вечност на Албанија и на Албанците! 🇦🇱👐“, пишува Ахмети во честитката.

ДУИ

Прочитајте и:  Пред партиското седиште Бериша дочекан како херој, за него Рама е најголем криминалец
- Реклама -