Честитка од Амбасадата на САД: Овие избори претставуваат значаен чекор кон демократијата

„Го поздравуваме големиот напор на локалната изборна администрација, што овозможи наспроти предизвиците со тековната пандемија, изборите да бидат организирани со сите напори за заштита на здравјето и на гласачите и на лицата ангажирани во изборните центри и набљудувачите“, се вели во официјалниот став на Американската амбасада во земјава за изборите, објавен преку Фејсбук.

„Како први генерални избори одржани по влезот на Северна Македонија во НАТО и по поканата за започнување на преговори со ЕУ, од почетокот на годината, овие избори претставуваат значаен чекор кон демократијата“, порачуваат од Амбасадата.

Во соопштението, се изразува и благодарност до ОДИХР за прелиминарната оценка на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.

- Реклама -