Честитка и од Џорџ Робертсон: Брилијантно! Нов претседател, ново име, нова иднина!

Честитка за успешното спроведување на фер и демократски претседателски избори, како и за изборот на нов претседател на Република Северна Македонија, пристигна и од Лорд Џорџ Робертсон – поранешниот генерален секретар на НАТО и претседател на Охридската група.

Во пораката, тој вели дека ова се одлични вести не само за граѓаните на Северна Македонија, туку и одлични вести за Европа.

„Брилијантно! Нов претседател, ново име, нова иднина“, воодушевен е Робертсон во честитката, пренесува МИА.

 

 

- Реклама -