Во последните часови, до 18:00, регистрирани се вкупно 20 пожари на отворен простор. Пожарот во дојранското село Николиќ е под контрола, додека активни се четири пожари: во велешките села Џидимирци и Крушје, меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина во општина Македонски Брод, во општина Чучер-Сандево над црквата „Св. Троица“ близу село Чучер, како и во кумановското село Пчиња.
Според информации од Центарот за управување со кризи, успеано е да се изгаснат 15 пожари, вклучувајќи ги и оние во скопските села Горњани, Смилковско Езеро и Љуботен, како и во општина Сарај, кај селата Љубин и Крушопек.
Така, пожарот во општина Кисела Вода, на булеварот „Борис Трајковски“, каде беа зафатени градежни материјали, е успешно изгаснат.
Исто така, во општина Долнени се изгаснати два пожари во селата Црнилиште и Слепче, а во Битола, во населбата Баир. Пожарите се изгаснати во општините Кичево, Струга, Штип, Пробиштип, Кратово и Теарце.




