Четири добри причини за да имате цвеќе во домот

Ако сте забележале дека кога сте во близина на цвеќиња се чувствувате некако поинаку, некако пофино, тоа не е случајно.

Неодамнешното бихејвиорално истражување открива дека токму опкружувањето со цвеќиња е можеби наједноставниот начин да го подобрите расположението. Докажано е дека цвеќето кај луѓето поттикнува чувство на среќа и задоволство од животот, а влијае и на тоа како луѓето се однесуваат во одредени друштвени ситуации.

Покрај овие, во продолжение следуваат уште четири добри причини да се опкружите со цвеќиња.

Моментално го менуваат расположението

Кога некој ќе добие цвеќе, речиси во истиот момент тоа лице го обзема чувство на среќа и му изнудува насмевка на лицето. Тоа, се разбира, е показател за исклучително задоволство, а во истражувањето такво влијание цвеќето имало кај сите возрасни групи.

Долгорочно го подобрува расположението

Луѓето кои добиваат цвеќе се помалку вознемирени, депресивни и немирни. Повеќе уживаат во сé што ги опкружува и се позадоволни од оние кои не добиваат цвеќе.

Го олеснува формирањето на поинтимни врски со другите

Луѓето кои се опкружени со цвеќе се подруштвени и се изложуваат на повеќе контакт со другите луѓе, особено со семејствата и пријателите.

Го прави просторот поведар и создава атмосфера на гостољубивост

Најголемиот дел од луѓето го поставуваат цвеќето на добро видливи места, на пример во дневната соба или во ходникот. Со други зборови, ставаат цвеќе во просториите на својот дом во кои гостите се добродојдени.

- Реклама -