Четвртото издание на ,,Синестетика” – „Настава во природа“

На 31 ви август, во сабота, на ледина Шамак, над Козле, со почеток на пладне, ќе се одржи четвртото издание на Синестетика.

,,Ова издание решивме да се вика „Настава во природа“ – ден пред први септември и последниот викенд пред враќање во школските клупи, се надеваме дека ќе ве инспирираме да научите нешто што можеби сте сакале да го пробате и запознаете. Ние мислиме дека нема ништо позабавно од дознавањето нови работи, една од причините зашто Синестетика почна да постои. Особено ни е драго за сите овогодишни соработки и им благодариме на сите фестивалски другари” велат организаторите.

Музичка програма:

– скопско будење: Виолета Качакова DJ set

– утринска гимнастика: Јоана

– плав час: Local Blue

– час по историја: Александар Велики

– есенски предвесник: Кокиче

ужинка:

Експериментален џем со Лабораториум

– убиствена промаја: Иш и Јас (промоција на првото ЕР)

– помрачување: Светлост- мала ноќна музика: The Ooz

– златен час: Огнен Златанов- изгубена несоница: Lost in Reverie

– второ будење: Galatheia feat. Lepi Xhoni + спонтан DJ set

Филмска програма во соработка со Младински Филмски Фестивал:

– “You need to be persistant” – Jovana Lazin (RS)

– “Exam” – Karlo Gagulic (HR)

– “Fall” – Леонид Велковски (MK)

– „Зората на грозјето“ – Павел Николов (МК)

– „Хала“ – Ангела Грозданов и Магдалена Донеска (МК)

– „Водата“ – Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов

– „5 10 15“ – Риџет Ферати (МК)

– “Belgrade bloom” – Danilo Stanimirović (RS)

Настава во природа:

– Јога будење со Горјана и Ана

– Сито акција со Партизанска штампа

– Час по ликовно: Елена Билбилоска- Час по музичко: Јоана Ристеска

– Звучна брканица: работилница за импровизирани музички инструменти со Тома Димовски и Виктор Антевски

– Зрно фестивал за алтернативна фотографија

– Работилница за цијанотипија (со претходно пријавување, до 5 учесници)- Спознавање со Спознавање

– Голем одмор

– Друштвени игри со Гоблин

Поддржи ја локалната сцена:

Музички изданија и книги од локални автори, заедно со Гола Планина, Партизан Штампа, Зрно, Спознавање и други другари

Шумска галерија:

– Изложба на ликовни дела, цртежи, слики и фотографии од повеќе локални уметници, со отворена можност да се вклучи и секој кој дента ќе одлучи да донесе свое дело.

– Просторна инсталација на интердисциплинарната уметница Ивана Самандова.- Another Day in Lisbon

– Документарен Virtual Reality експеримент на Диме Ѓорѓиевски, Maryam Khalilzadehbin и Negar Motevalymeidanshah

Шанкови:

Old SchoolЛабораториум (кафе и коктели)Паб

„Ѕе“ (крафт пива)

Веган365 (веганска кујна)

Лавче (невеганска кујна)

Пржените лепчиња на Емил

,,Благодарности до Ангела Чучкова која го трансформираше платното од Синестетика #3 и го направи овогодинешниот визуелен идентитет на фестивалот. Ви благодариме на сите вас што го шаравте. Ве замолуваме и препорачуваме да не доаѓате со автомобили, бидејќи на самата ливада нема можности за паркинг. Ќе споделиме детали за точната локација и начините на кои би можеле да стигнете во посебен пост неколку дена пред фестивалот”, порачуваат организаторите.

- Реклама -