Следната генерација на електричниот модел со продолжен опсег, Chevrolet Volt, ќе биде поевтина. Ова го откри шефот на американската единица на General Motors, Марк Ројс, во интервју за Car & Driver.
Според Ројс луѓето порано или подоцна ќе се одлучат за електричните возила, кои се сметаат за иднината на автомобилскиот бизнис. Тој откри дека во моментов во General Motors се одржуваат сериозни трансформации кои ќе потраат некое време. Но, по нив Концернот ќе може да понуди уште подобри машини од ваков вид.
„Сигурен сум дека е близу денот во кој ќе видиме електрични возила, способни да помине над 300 милји со едно полнење. Тие ќе ги нудат истиот комфор и функционалност кои ги имаат и сегашните возила. А освен тоа ќе биде и целосно достапен за клиентите“, потенцира Ројс.
„Учиме од своите грешки, умеевме да ги надминеме и GM ќе продолжи да промовира електрични возила. Веќе следната генерација на Volt, како и идните такви модели, ќе бидат доста поевтини и соодветно подостапни за нашите клиенти“, вели шефот на американската единица на GM.
Текстот е објавен во соработка сo Авто Плус