Чизејк со шумско овошје

Десерт со заводлив вкус, кој се подготвува многу лесно.
Состојки:

300 г. мелени бисквити

125 г. путер

1 дл. млеко

300 г. крем – сир

200 г. шеќер

чаша кисела павлака

250 мл. слатка павлака

500 г. замрзнато шумско овошје

1,5 кесички желатин

Подготовка:

1. За тесто, измешајте ги мелените бисквити со путерот и студеното млеко. Направете смеса и ставете ја врз хартија за печење, оставајќи простор од страните.

2. За првиот фил изматете крем-сир со половина шеќер и кисела павлака и на крајот додадете ја изматената слатка павлака. Филот сипете го врз направените кори. Ставете во ладилник да се стегне.

3. За вториот фил, шумските плодови се варат со остатокот од шеќер и се додава желатин, претходно измешан со малку сок кој го пуштило овошјето додека се одмрзнувало. Изладената смеса прелејте ја преку филот од сир. Кога желатонот ќе се стегне скинете ги страните од хартијата.

- Реклама -