Комбинација на чоколадо и банана? Секогаш омилена! Вкусен рецепт со кој може да ги изненадите блиските по денешниот ручек.
2 шолји сенаменско брашно
1/2 шолја какао во прав
1 и 1/2 лажичка прашок за пециво
1/4 лажичка сол
1/2 лажичка цимет
1/4 лажичка морско оревче
2/3 шолји кафен шеќер
1 јајце
2 лажички екстакт од ванила
4 големи банани
1/2 шолја путер
1/4 шолја млеко
1/2 чоколадо
3/4 шолја чоколадни трошки
Загрејте ја рерната на 200 степени и намачкајте плехче со маргарин. Во еден сад ставете ги брашното, какаото, солта, циметот, морското оревче и прашокот за пециво. Во друг сад, ставете го јајцето и шеќерот, мешајте додека не се изедначи. Додадете ја ванилата, па банананите и млекото и мешајте. Додајте ја другата смеса во овој сад се додека не се изедначи, па додадете го стопеното чоколадо. На крајот додадете ги трошките и ставете го да се пече. Печењето треба да трае околу еден час, додека ладењето трае 2-3 часа, пред сечење.