Чоколадо+секс = храна за мозокот

Повеќе... Што е потребно за мозокот да ви работи како швајцарски часовник? Црно чоколадо, добар секс, многу смеење и гасење на телевизорот кога ќе почнат сапунските серии. Британскиот психолог Toni Houm и биохемичарот Simon Voton, авторите на бестселерот „Тренирај го својот мозок“ тврдат дека ова се основните состојки на проверениот рецепт за „повеќе ум во главата“.


photohomer.jpgШто е потребно за мозокот да ви работи како швајцарски часовник? Црно
чоколадо, добар секс, многу смеење и гасење на телевизорот кога ќе
почнат сапунските серии. Британскиот психолог Toni Houm и биохемичарот
Simon Voton, авторите на бестселерот „Тренирај го својот мозок“ тврдат
дека ова се основните состојки на проверениот рецепт за „повеќе ум во
главата“.

Според нив, правилата за поквалитетен живот и подоброто функционирање на мозокот и нервниот систем се сосем едноставни и многу економични. Првиот совет гласи – правете што повеќе работи, сé она што ви причинува телесно задоволство и уживање. Второ, смејте се повеќе. Трето, бидете отворени спрема другите и светот и, четврто, трудете се во сексот да бидете задоволни и задоволени.

Авторите повеќе од една деценија собираа и ги проучуваа научните статии и студии врз основа на кои составија листа на намирници и други нешта кои го стимулираат и позитивно влијаат на функционирањето на мозокот. Темното чоколадо и сексот го потикнуваат излачувањето на серотонинот, хормонот кој го потикнува чувството на задоволство. После уживањето во неколку коцки чоколадо или после оргазам, мозокот е покреативен, поактивен, а во исто време и посмирен и поспособен за донесување правилни одлуки и заклучоци. Сосем спротивно, марихуаната и гледањето сапуници или слични телевизиски содржини, ги умртвуваат и уништуваат невроните.

Негативен ефект имаат и компјутерските игри, дури и оние посложените кои се базираат врз стратегија, а на испитот падна и популарниот судоку, кои ни оддалеку не ја стимулира мозочната активност како неколку минути смеење. Огромен непријател на совршената ментална форма е стресот, како и цинични и личности кои постојано на нешто се жалаат. Појадок од кој мозокот ќе ви „расцвета“ се состои од риба или квалитетна пршута, а комплетниот сексуален однос, кој освен пенетрација и оргазам ги вклучува и фантазијата и предиграта, е вистински еликсир за менталната форма. 

- Реклама -