Просечно по двајца пријатели од поблиското опкружување губи човекот кога се заљубува и има романтична врска. Ова го покажува анкетата извршена од Робин Данбар, шеф на Институтот за когнитивна и еволуциска антропологија кон Оксфордскиот универзитет, објави списанието Personal Relationships.
Во рамките на истражувањето се анкетирани 428 жени и 112 мажи. 363 од нив имале романтична врска. Претходно во неговата група било потврдено дека луѓето имаат во просек по петмина блиски пријатели – т.н.. „Основен круг” – луѓе, кон кои се обраќаш кога имаш емоционални или финансиски проблеми.
Излегува дека најромантичниот партнер бара толку време и внимание, што дислоцира двајца од петмината најблиски пријатели.
„Ако престанете да се наоѓате со пријателите, контактот брзо исчезнува. Кога вниманието целосно се фокусира на романтичниот партнер, вие не можете да разговарате со други пријатели и односите со нив се влошуваат” – ги коментира Данбар резултатите од истражувањето.