Човекот што го купи Google на една минута

Поранешен вработен во Google, Санмеј Вед ​​се дефинира како среќникот кој го поседувал доменот Google.com, макар и само за минута.

This_guy_bought_Googlecom_from-3c8a549ff794de32c6e630d310a40764

Вед раскажува пред Business Insider дека една вечер гледал Google Domains – услуга на компанијата за купување на домени, кога забележал дека Google.com е слободен. Вед забележал дека на Google Domains наместо сиво и тажно лице кое симболизира дека даден домен е зафатен, кај Google.com стоело зеленото среќно лице кое покажувало дека сајтот е слободен. Цената за купување на најпосетениот сајт во светот била само 12 долари.

„Јас сум поранешен вработен на Google, затоа следам што се случува таму. Напишав Google.com и ми излезе резултат дека доменот е слободен,” дели Вед.

dev2

„Помислив дека ова е некоја грешка, но кој и да ја направил доменот можеше да се купи.“

Вед го додал Google.com во онлајн количката за купување и изненадувачки тансакцијата започнала да се одвива. Наместо сепак да ги добие од Google стандардните пораки , неговата платформа, на која ги следи останатите сајтови, на која што веќе е сопственик, започнала да се обновува со пораки за сопственикот на доменот Google.com.

Исто така Вед добива пораки со инсајдерски информации кои потоа ги праќа на безбедносниот тим во Google.

„Застрашувачки во целата приказна беше тоа што добив пристап до контролата на сајтот за минута”, вели Вед. Тој прави screenshot-на сè и детално го опишува целото искуство на LinkedIn. Поседувањето на Google.com сепак не траеше долго.

Од Google Domains ја укинуваат продажбата една минута подоцна и го известуваат дека некој веќе го има преземено сајтот пред него и му ги враќаат на Вед платените 12 долари.

„Значи за една минута имав пристап,” вели Вед. “Барем можам да кажам дека јас сум човекот кој го поседуваше Google.com на минута.”

- Реклама -