Chrome for iOS веб браузерот ќе овозможи синхронизација на табови, веб историја и лозинки со десктоп верзијата на, според Google, најпопуларниот браузер во светот.
Но, Chrome ќе нема пристап до технологијата која Apple ја користи за сопствениот Safari браузер. Корисниците исто така ќе не можат да го заменат дифолт браузерот. Бесплатниот браузер ќе работи на iOS 4.3 или понови верзии. Моменталната верзија е 5.1.1 а iOS 6 ќе биде достапен кон крајот на оваа година.
Моментално Opera ефективно го нуди ривалот на веб браузер за iOS познат како Opera Mini, но Internet Explorer и Firefox се недостапни за популарните iPhone и iPad. Достапноста на Chrome најверојатно ќе го зголеми притисокот врз Apple да дозволи користење и други браузери.
Google најави на I/O конференцијата во Сан Франциско дека Chrome сега има 310 милиони активни корисници. Пред само две години таа бројка беше 70 милиони а лани 160 милиони. Сундар Пичаи од Google најави дека Docs word процесорот на гигантот сега е достапен и офлајн.
Идејата го продолжува трендот кој Google го започна уште на првиот ден на I/O конференцијата кога најави дека офлајн диктирање и други офлајн услуги ќе бидат достапни на Android телефони и таблети.
Microsoft трпи сè поголем притисок во некои бизнис области од апликациите на Google, но Google сака да ги надмине и Microsoft и Apple во бизнис. Компанијата најави и дека апликацијата за споделување, Google Drive, е сега достапна за iPhone и iPad. Апликацијата претходно беше достапна само на Android и Chrome OS.