На денот кога Microsoft го лансираше Internet Explorer 8, Google ни претстави сајт кој ги прикажува предностите на Javascript перформансите во нивниот Chrome браузер.
На денот кога Microsoft го лансираше Internet Explorer 8, Google ни претстави сајт кој ги прикажува предностите на Javascript перформансите во нивниот Chrome браузер.
Наречен Chrome Experiments, денес сајтот вклучува повеќе од 70 неверојатни „експерименти“ кои вклучуваат анимирани игри и виџети.
Еден од тие експерименти е Browser Ball каде треба да фрлите топка од еден прозорец на броусерот во друг.
Twitch креира серија мини игри кои може да се играат во прозорците, каде треба да комплетирате една задача за да одите понатаму.
Од друга страна, Google Gravity ќе ја сруши страницата на Google во ѓубре на дното со кое може да си поигрувате. Сепак, страницата и понатаму ќе остане функционална.
{youtube}aZo-Uv7TZs8{/youtube}
Доколку ова го пробате во друг броусер како Firefox, ќе ја воочите брзината на Chrome и неговата несомнено подобра платформа и технологија. Ако пак се обидете да ги впишете адресите во некој ривалски браузер, ќе добиете порака како I’m willing to risk it или I like to live dangerously. Поверојатно е и дека сè ќе се одвива поспоро.
Покрај престижот за Google, jасно е дека овие експерименти го потенцираат огромниот потенцијал за креативен веб дизајн и бескрајните можности за забава на посетителите. Преземете го Chrome и пробајте ги веднаш!