Чак Јегер ја одбележа годишнината од првиот суперсоничен лет во пилотско седиште

Легендарниот пилот Чак Јегер ја одбележа 65-та годишнина од неговиот историски лет со уште еден суперсоничен лет.

Осумдесет и девет годишниот Јегер полетал од истата база над која го оствари својот рекорден лет во 1947 година. Овој пат тој беше копилот во авионот пилотиран од капетанот Дејвид Винсент.  Винсент го спуштил авионот од 13,700 метри на околу 9000 метри, по што го пробил звучниот ѕид, достигнувајќи Мах 1,4.

По пробивањето на звучниот ѕид Јегер ја презел контролата врз авионот, како што самиот изјавил без воопшто да се двоуми иако за четири месеци ќе наполни 90 години. „Летањето е летање. Нема што да додате.“ Винсент бил одбран за овој лет поради неговото искуство и чин – Јегер бил капетан кога го изведе првиот суперсоничен лет во историјата.

Викторија Јегер, сопругата на легендата за новинарите изјавила: „Овој капетан е бунтовник колку и генерал Јегер. Чак седи на задното седиште, каде што седи инструкторот, бидејќи тој има повеќе искуство.“ Првиот суперсоничен лет на Јегер бил изведен во авионот со ракетен погон Bell X-1, тогаш познат како XS-1 за ‘experimental, supersonic.’ [Chuck Yeager retraces history in the sky, breaking the speed of sound — again]

- Реклама -