Чудни човечки однесувања кои науката не може да ги објасни




Повеќе... Научниците го расцепија атомот, испратија човек на Месечина, ја открија ДНК-та, но сè уште постојат десет клучни мистерии на човечкото однесување кои тие не можат во целост да ги објаснат.


4.sonuvanje.jpgНа листата необјаснeти феномени на човечко однесување се наоѓаат секојдневни аспекти од животот кои сè уште се предизвик за најголемите мозоци на светот, како љубењето, црвенеењето, па дури и чепкањето во носот.

За нас не постои ништо пофасцинантно од нас самите. Изненадувачки е фактот што постојат толку многу особини кои за нас се уште преставуваат енигма. Спектарот е широк, од возвишени работи како што е уметноста, сонувањето и алтруизмот, до поцрвенувањето, копањето по носот и постоењето на срамни влакна.

 

Еве некои теории зошто го правиме она што го правиме:

1.sram.jpg

1. Црвенеeње

Чарлс Дарвин пробал да објасни зашто еволуцијата не’ тера да црвенееме кога лажеме, но некои мислат дека тоа може да помогне да се избегне конфликт или да се зајакне интимноста при откривање наслабоста.

 

 

2.smeenje.jpg2. Смеење

Кога се смееме ослободуваме ендорфини кои ни го подобруваат расположението, што пак се чини како очигледна причина. Меѓутоа десетгодишната студија открила дека баналните коментари поттикнуваат поголема насмевка отколку шегите.

 

 

3.baknuvanje.jpg

 3. Бакнување

Причините за бакнувањето тешко дека се генетски. Постојат теории дека бакнувањето е поврзано со сеќавањата при доењето, а и дека првите луѓе ги одвикнувале децата од цицање хранејќи ги уста на уста, што пак ја зајакнало врската меѓу размена на плунката и уживањето.

 


4. Сонување

Теоријата на Фројд дека соновите ги изразуваат нашите потсвесни желби генерално се отфрлени и се смета дека истите ни помагаат во обработката на емоциите. Меѓутоа, причините за појавата на разните необични визии сеуште не се доволно објаснeти.

5.veruvanje.jpg

5. Верување во непознатото

Необична пракса која нема многу еволутивна смисла. Сепак, на првите луѓе многу би им користело да не мислеа дека рикот на лавот во тревата е само ветер.

 

 

6.nos.jpg6. Чепкање по носот

Грда, но вообичаена навика, од која нема многу корист. Околу четвртина од тинејџерите, во просек по четири пати дневно копа во носот и после ги „дегустираат“ своите „ископини“. Но, со оглед дека не се воопшто хранливи, зошто воопшто тоа го прават? Некои мислат дека ова го зајакнува имунитетот…

 


7. Адолесценција

Ниедно (друго) животно не поминува низ чувствителните, непредвидливи тинејџерски години. Некои наведуваат дека тоа им помага на нашите мозоци подобро да се реорганизираат пред да го достигнатнивото на возрасни особи или дека тоа ни овозможува да експериментираме со однесувањето пред да ни натежне на грб одговорноста.

8.power_of_giving.jpg

 

8. Алтруизам

Давањето, за кое не е сигурно дали ќебиде возвратено, спаѓа во чудните однесувања во смисла на еволуцијата. Меѓутоа, дали алтруизмот помага кај групните поврзувања или е едноставно само извор на задоволство?

 

9. Уметност

Сликање, танцување, вајање или свирење,сите тие би можеле да бидат елементи со кои се обидуваме да го импресионираме спротивниот пол. Меѓутоа, тоа може да биде и алатка за ширење на знаењето или делење на искуството!

10. Влакна

Ретките влакна на човечкото тело игустите на гениталиите се спротивно од она што го гледаме кај приматите, нашите најблиски роднини. Причините кои се наведуваат за постоење на густи, срамни влакна вклучуваат нивна улога во обезбедувањето на топлина како и во ширење на мирисот на човечкото тело.

- Реклама -