Чудни забавни паркови низ светот

Веќе со години забавните паркови се едни од омилените места, каде што семејствата го поминуваат слободното време. Во светот има многу чудни паркови. Еве некои од нив.

„Tierra Santa”, Буенос Аирес, Аргентина

“Tierra Santa” во Буенос Аирес е првиот забавен парк на религиозна тематика.  Посетителите можат да се прошетаат низ неговите улици, налилк на  библискиот Ерусалим. Паркот е поделен на делови поврзани со различни настани од животот на Христос – од неговото раѓање до Тајната вечера.

Задолжително одвојте барем еден час за разгледување  на забавниот  парк, бидејќи на секој час се појавува и се изига барем на една карпа  статуа на Христос.

„Империја на Џуџиња” (Dwarf Empire), Кина

Сите кои работат во овој забавен парк во Кунмин – пејачи, акробати, трговци, чувари итн – се џуџиња. Тие дури имаат свој крал кој секој ден држи посебен говор пред посетителите. Според многумина трудот на Џуџиња се експлоатира, но сопствениците на паркот велат дека вработениот персонал добива адекватно награда за својот труд, како и обезбедено сместување.

„Република на децата” (Republic of the Children), Аргентина

Овој забавен парк се наоѓа во градот Ла Плата и има сè: парламент, театар, црква, ресторани, аеродром и др. Целта на паркот е децата да се запознаат со своите права и обврски во демократско општество. Постои  мит дека “Републиката на децата” е  инспирирана од Дизниленд на  Волт Дизни, но со исклучок на светло обоените згради со импозантната архитектура, сличности речиси и нема.

„Светот на Дикенс” (Dickens World), Англија

„Светот на Дикенс” е парк, кој се наоѓа во Кент, кој се обидува да „раскаже” повеќе за животот на авторот и да ги натера неговите ликови да оживеат. За целта е создаден  град кој изгледа како што изгледал Лондон во Викторијанската ера. Посетителите имаат можност да видат клучни места од дикенсовите романи, да избегнат крадци, да почувствуваат како мирисал градот во тоа време.

„BonBon Land”, Данска

Првично тоа била фабрика за кондиторски производи, каде што започнаа да се нудат тури за посетителите, а потоа постепено биле создадени многубројни атракции кои можат да се видат и денес. „BonBon Land” претставува данска верзија на „Willie Wonka World” – забавен парк во Амстердам, инспириран од херојот Вили Вонка од „Чарли и фабриката за чоколада”.

„Dream City”, Ирак

Тркалата, водните слајдови и забавните арки не се нешто што може да се види само тука. Она што го разликува „Dream City” од другите забавни паркови, е неговата локација.  Паркот се наоѓа во Дахук, на местото на поранешна воена база на Садам Хусеин.

 

- Реклама -