Големото езеро Констанс (на германски: Bodensee) се наоѓа во срцето на Европа, близу Алпите, распослано меѓу Германија, Австрија и Швајцарија. Сите три земји поседуваат дел од копното, т.е излегуваат на езерото, но ако го погледнете на мапа, ќе забележите нешто чудно: граничните линии завршуваат на брегот и ги нема во водата.
Констанс е всушност кондоминиум, т.е. припаѓа на повеќе од една држава, со тоа што не се знае конкретно кому. Да, навикнати сме на идејата дека Земјата е поделена и дека оваа или онаа држава го поседува ова или она парче; но тоа не е единствената причина што го прави Констанс посебно. За разлика од интернационалните води, или Антарктикот како посебен случај, или оној дел во Африка што две земји одбиваат да го поседуваат, или комплицираните граници заради разни договори или несогласувања меѓу земјите, Констанс е карактеристично по тоа што никој досега всушност не се позамарал за да направи интернационален договор во кој ќе одреди точно каде се границите.
Според Австрија, Констанс е прав кондоминиум и подеднакво им припаѓа на сите три држави што излегуваат на него. Со други зборови, ако сте во водата, вие сте истовремено и во Германија, и во Австрија, и во Швајцарија. Швајцарија пак, не се согласува. Според нив, границата е точно на средина на езерото. Германија, од трета страна, е во стилот „Еј, па шознам…“ и крева раменици. На крајот, сите се задоволни со ваквата „неизвесност“, а кога има некакви легални проблеми, се решаваат зависно од случај во случај.
Океј, ама што ако се роди бебе на средина на езерото? Што ако некој најде потонато богатство? „Шознам, ќе му ја мислиме ако се случи“ е во принцип ставот на трите држави. Зашто во меѓувреме на никој нема да му пречи, освен на картограферите, кои веројатно умираат од желба да ги довршат линиите на границите, ама не знаат како.
Границата меѓу Германија и Швајцарија. Толку е, завршува тука на брегот.
Видеото, ТУКА.