Чудниот живот на „народот на елените“ во Монголија

Со своите неверојатни фотографии, фотографот Хамид Сардар-Афкхами успева да го запознае светот со секојдневниот живот на номадскиот народ.

Тоа се луѓе кои се потпираат целосно на стадата елени, за да преживуваат, пишува Bored Panda.

Народот Дукха ги припитомува елените, ги јава, одгледува и го користи нивното млеко. За жал начинот на нивниот живот постепено изумира, бидејќи како што се намалува бројот на луѓето, така опаѓа и оној на животните. Денес можат да бидат откриени меѓу 200 и 400 претставници на Дукха. Главниот извор на егзистенција се туристите кои доаѓаат да купат нивните рачни производи и да ги погалат елените.

Хамид се ангажирал со тешката задача да го документира начинот на живот на овие луѓе пред да исчезнат целосно. Покрај прекрасните фотографии во прилог, тој го создал и документарен филм на темата, наречен The Reindeer People (“Народот на елените”).

ek1 ek2 ek3 ek4 ek5 ek6 ek7 ek9

 

- Реклама -