Чудно облечен крадец (видео)

кражбаКрадците и во минатото употребувале сомнителни методи за криење на нивниот идентитет, но ова е еден од најчудните – овој крадец облекол фустан и носел пар долна облека како маска. Полицијата во Далас – каде што овој идиот ограбил продавница – вели дека осомничениот влегол во продавницата во 5:30 наутро и ги побарал сите пари од касата и од муштериите.

Полицајците додаваат дека тој успеал да избега, и предупредуваат дека можеби е вооружен – но тие се надеваат дека неговата необична маска ќе придонесе кон неговото апсење. Јасно е дека тој употребил долна облека за да го сокрие своето лице од камерите, но сè уште не е јасно зошто при грабежот носел црно бел фустан со цветен дезен.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

{youtube}JJKWiy_Wh_0{/youtube}

- Реклама -