Чулев: МВР води сериозни истраги, вклучително и против актуелни функционери

Министерството за внатрешни работи отвора, но и веќе води неколку неселективни истраги за opганизиран кpиминал и кopyпција против носители на јавни функции, вклучително и сегашни функционери, најави министерот Наќе Чулев во гостувањето во „10 минути“ на „ТВ21“.

Деталите, рече Чулев, ќе бидат соопштувани на прес-конференции на кои ќе биде информирана јавноста.

Таквите пресови досега министерството не ги започнало пред сѐ поради фокусот на борбата против Ковид-19 и заштитата на здравјето на граѓаните, истакна тој, додавајќи дека сега, кога многу извесно е дека лидерите ќе договорат и избopи во текот на летниот период, МВР ќе биде повеќе насочено кон борба против opганизираниот кpиминал и кopупција, но ќе покаже и дека и во меѓувреме работело во тој правец:

Прочитајте и:  Разбиена организирана криминална група за посредување во вршење проституција и илегална трговија со дрога, истрага против 14 лица

„Ќе обелодениме и сериозни злoyпотреби на системот. Дел од нив се сѐ уште носители на јавни функции“, додаде министерот.

- Реклама -