Чувањето мачки е добро за вашето здравје

ma;kiНаучниците велат дека чувањето мачка е добро за вас, бидејќи нивното крзно може да го намали крвниот притисок и стресот, децата се учат на нежност и внимание, а тие овозможуваат и добро друштво…

Научниците велат дека чувањето мачка е добро за вас, бидејќи нивното крзно може да го намали крвниот притисок и стресот, децата се учат на нежност и внимание, а тие овозможуваат и добро друштво…

340x_ap040713018733Ново истражување покажува дека сопствениците на мачка помалку умираат од срцеви напади, отколку оние кои никогаш не чувале мачка како домашно милениче. Резултатите се добиени од анализирање на податоците од 4500 мажи и жени, на возраст од 30 до 75 години, кои учествувале во ова истражување.

Повеќе од половината, поточно 55%, изјавиле дека чувале мачка некогаш во својот живот.

Споредувајќи ги со сопствениците на мачка, оние кои никогаш не чувале, имале поголема веројатност од добивање кардиоваскуларни болести, срцеви удари и други хронични срцеви болести. Научниците, сепак не открија никаква врска помеѓу оние кои поседуваат куче како милениче и оние кои не поседуваат.

Прочитајте и:  Гинеколог тврди дека жените во постменопауза треба да го намалат внесот на една хранлива состојка

Истражувачот Фархан Сидик, од Универзитетот Минесота, мисли дека сопствениците на мачки ги делат личните карактеристики – како што се низок притисок и вознемиреност, заштитувајќи се од срцеви болести. „Сопствениците на кучиња најверојатно имаат иста врска, иако нашите податоци не го покажуваат тоа“, тој додава.

Но, ова истражување не вели дека вие кои поседувате мачка не треба да внимавате на вашиот пристисок, холестерол и дијабетесот; туку само дека кога би чувале мачка, шансите за влошување на вашето здравје се помали отколку кога не би ја чувале истата. Освен, нели, ако сте алергични на мачки. [For Good Health, Be A Cat Lady]

- Реклама -