Цитати за бракот

Брак На една анкета во Америка, на тема брак, спроведена во неколку основни училишта, добиени се прилично интересни одговори.

humor_wedding_game_over_black_shirt2.jpgНа една анкета во Америка, на тема брак, спроведена во неколку основни училишта, добиени се прилично интересни одговори:

Како ќе одлучите со кого да стапите во брак?

„Мора да најдете некој што ги сака истите нешта. На пример, ако сакате спорт, и таа би требало да сака спорт и секогаш да ви носи грицки“ Алан, 10.

„Никој не одлучува со кого ќе стапи во брак пред да порасне. Господ одлучува за тие работи далеку порано, а потоа само дознавате со кого сте заглавиле“ Кирстен, 10.

Која е идеална возраст за стапување во брак?

„23 е идеална возраст за брак, зашто дотогаш веќе го знаете човекот ЗАСЕКОГАШ“ Камила, 10.

„Не постои таква возраст. Треба да сте будала за да стапите во брак“ Фреди, 6.

Како некој туѓинец може да препознае луѓе кои се во брак?

„Луѓето кои се во брак обично се пресреќни кога можат да позборуваат со други луѓе“ Еди, 6.

„Би требало да може да погоди според тоа дали им се дерат на истите деца“ Дерик, 8.

Што имаат вашите родители заедничко?

„Двајцата се сигурни дека не сакаат повеќе деца“ Лори, 8.

Што прават луѓето кога излегуваат заедно?

„Одењето на состанок треба да претставува забава и луѓето би требало да го искористат времето за да се запознаат. Дури и момчињата понекогаш имаат нешто интересно да кажат, ако ги слушате доволно долго“ Линет, 8.

„На првиот состанок, си кажуваат лаги меѓусебно, а тоа обично е доволно да ги заинтригира, за да посакаат да има и втор состанок“ Мартин, 10.

Што би сториле ако првиот состанок отиде во погрешна насока?

Ќе избегам дома и ќе се преправам дека сум мртов. Следниот ден ќе се јавам во сите весници, за да се осигурам дека ќе ми го објават некрологот“ Крег, 9.

Кога е вистинскиот миг да бакнете некого?

„Кога е богат“ Пем, 7.

„Законот вели дека мора да имаш 18 години, а јас не сакам да си играм со законот“ Курт, 7.

„Правилото вели – ако бакнеш некого, тогаш треба да стапиш во брак и да имате деца. Тоа е правилно“ Хауард, 8.

Дали е подобро да сте сингл или во брак?

„За девојките е подобро да се сингл, но не и за момчињата. Ним им треба некој за да го чисти нередот што го создаваат“ Анита, 9.

„Сингл е подобро, од проста причина што не сакам да менувам пелени. Секако, ако некогаш се омажам, ќе се јавам кај мајка ми и ќе ја викнам да дојде на кафе и менување пелени“ Кирстен, 10.

Дали светот ќе беше различен ако луѓето не стапуваа во брак?

„Ќе има многу деца за објаснување, нели?“ Келвин, 8.

„Бидете сигурни во едно нешто – момчињата и натаму ќе нè бркаат, исто како и сега“ Роберта, 7.

Како до успешен брак?

„Кажи ѝ на жена ти дека изгледа убаво, дури и ако изгледа како камион“ Рики, 10.

[Let’s get married]

- Реклама -