CNN направи видео пресек на пештерата во која се заглавени децата од Тајланд

Американската CNN направи дијаграм за внатрешноста на пештерата во Тајланд, во која веќе десетина дена се заробени 12 деца со нивниот тренер.

Како што се гледа од пресекот, групата повеќекратно се искачувала и симнувала за да стигне до заливот, и токму поради таквата структура на пештерата патот за назад бил поплавен кога надошла водата од силните дождови.

За комплицираноста на теренот зборува и фактот што на нуркачите им требале 4 часа за да поминат 1 километар. Водата е матна, струите се силни, а момчињата не знаат да нуркаат – дури и да научат, тесните премини низ пештерата се опасни дури и за професионалните нуркачи. Ситуацијата останува неизвесна, и сé уште се стравува за начинот на кој ќе биде изведено нивното извлекување.

Во меѓувреме, на момчињата и нивниот тренер им беа доставени храна, течности и други важни залихи, и полека се опоравуваат. Но сепак, ризикот е голем, особено тој дека нови дождови (со оглед дека е сезона на монсуни) би можеле и целосно да ја поплават пештерата, или барем заливот на кој се заглавени децата.

via Плусинфо

- Реклама -