На 25 јуни во 22.30 часот во охридскиот џез клуб „Jazz Inn“, настап ќе има култниот бенд Cobalt Code Unit. Концертот е дел од настаните со кои клубот годинава одбележува 35 години постоење.
Cobalt Code Unit е фракција од четворица млади музички аскети кои неуморно шетаат низ огромните пространства на јужнобалканските традиции на импровизирана и ритуална музика, размислувајќи за хоризонтите на современиот џез, креативната слободна импровизација, психоделичните впечатоци од африканските ритмички јазици и вревата на индустрискиот метеж, врева пресликана низ призмата на авангардниот израз. Засега, тие ги запишале своите искуства на два долгосвиречки албуми: Rural (2020) и Soilwork (2021) и еден видео албум (The Yadro Concert). Нивните изведби личат на долги импровизирани теренски возења полни со ненадејни подеми, падови и свиоци проследени со брзинско дивеење со низ калливата почва на планинските патишта проткаени со мирно крстарење низ питомите планински пространства, нудејќи искуство на надреални пејзажи, медитативна меланхолија, и спокојство.
Cobal Code Unit се: Благојче Томевски – Кларинет, Бас Кларинет, Симеон Ангеловски – Бас Гитара,Стефан Миладинов – Гитара и Драган Теодосиев – Тапани.