Човекот можеби потекнува од Азија, а не од Африка

Истражувачи кои работат во мочуриштата во Мијанмар откриле неколку фосилизирани заби од нов вид примат кој живеел пред 37 милиони години. Ако податоците се точни тогаш нивното откритие би ја променило еволутивната историја на човеколиките мајмуни и луѓето.

Откритието е дело на меѓународен тим научници предводен од палеонтологот Жан Жак Јегер. На Јегер и неговите колеги им биле потребни шест години за собирање на забите со големина на зрна пченка; иако тимот до сега има најдено само четири заби примероците даваат нови детали за неколку теми, имено: потеклото и еволуцијата на таканеречените антропоидни примати (или виши примати) – претците на сите мајмуни, човеколики мајмуни и луѓе.

Јегер и неговиот тим веруваат дека забите потекнуваат од нов вид на антропоид кој го добил името Афразија џиџидае. Афразија сега станува дел од растечка колекција на докази кои наведуваат кон заклучок дека антропоидите се развиле во Азија пред 37 до 45 милиони години пред да ја колонизираат Африка.

Но овие четири катници им овозможиле на истражувачите нешто што ниту едно од откритијата од претходните две децении не можеле: нови информации во приказната за миграцијата на антропоидите. До сега палеонтолозите немале фосил кој би покажал кога и каде антропоидте патувале од Азија во Африка.

„Сите имаме чуено за човечкото потекло од Африка“ рекол палеонтологот К. Кристофер Бирд, ко-автор на статијата која ги опишува наодите на тимот. „Сега мислиме дека прво имало миграција од Азија во Африка.“ [Our ancestors may have originated in Asia, not Africa]

- Реклама -