Човештвото ќе се збогува со парализата (видео)

Стаорци со повреди на ‘рбетниот столб кои предизвикале комплетна парализа на задните нозе научиле како да одат благодарејќи на интензивен тренинг кој опфатил и електронска стимулација на мозокот и ‘рбетот.

Истражувачите долго време знаеле дека стимулацијата и тренингот можат да ја подобрат мускулната контрола по вакви повреди кај животни. Минатата година меѓународен тим научници го објавил случајот на 23 годишен човек со комплетна парализа кој успеал да стои неколку минути благодарение на слична програма.

Но оваа нова студија е најопширната презентација на што е возможно до сега. Швајцарскиот тим веќе работи на развивање технологија за да можат да ја тестираат оваа техника на луѓе. Во извештајот е опфатена и неверојатна демонстрација на нешто што до неодамна беше невозможно: целосна рехабилитација по сериозна повреда на ‘рбетниот столб.

{youtube}dXvkRRbptAE{/youtube}

По неколку неделен тренинг голем број од стаорците можеле да одат како и пред повредата, некои дури успеале и да трчаат. Но овие наоди не ги опфаќаат сите повреди на ‘рбетот. ‘Рбетните столбови на овие животни биле засечени но не целосно прекинати; сè уште постоела нервна врска околу повредата. Но оваа состојба е присутна и кај значителен дел – можеби една четвртина до една третина – од луѓето чии повреди се толку сериозни што им е неопходна количка. [In rat experiment, new hope for spine injuries]

- Реклама -