На 30 август во 21 часот во кафе Буква ќе настапат ,,Црно дете””.
Бендот се појави во 2011 година како проект на еден човек (Дамјан Бркиќ: електрична гитара и ритам машина), набргу потоа стана дуо (на тапани се придружи Милан Букејловиќ), а од неодамна и трио (саксофон: Томислав Марјановиќ).
Во својата тричлена инкарнација, тие свират инструментална музика, најчесто создадена за време на самата изведба, без претходен договор или подготовка.
Нивниот звук е спој на рок кој е ноиз, џез кој е панк и фолк кој е турбо.
Дискографија:Riffs (2012 година)Dževad (2014 година)Zlatne stvari (2016 година)Neponovljivo (2017 година)Sv. Prompt (2023 година)