Цртежи на карпа ја открија тајната историја на Абориџините

Повеќе...Во камените ридови во Арнхем, Австралија археолозите открија скриена карпеста уметност која ќе ја смени досега познатата историја на овој континент. Овие неверојатни цртежи на карпите претставуваат една опширна сликовита историја на контактите на Абориџините со туѓинците и нивните технолошки откритија – од бродовите до најважните откритија од 19 и 20 век.

Во камените ридови во Арнхем, Австралија археолозите открија
скриена карпеста уметност која ќе ја смени досега познатата историја на овој
континент. Овие неверојатни цртежи на карпите претставуваат една опширна сликовита историја
на контактите на Абориџините со туѓинците и нивните технолошки
откритија – од бродовите до најважните откритија од 19 и 20 век. 

aboriginal-art-ships.jpg

 
Откривањето на овие 1.500 цртежи беа големо изненадување за археолозите и антрополозите, покрај цртежите стари околу 15.000 години да откријат историја запишана на карпа што ги документира најважните технолошки иновации од 19 и 20 век – авион, велосипед, автомобил, портрети на црквени лица, капетани на бродови, трговци…

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат

Ваквата необична верзија на историјата е уникатен пронајдок, кој не може да се спореди со ништо друго познато досега, и може да ја ревидира историјата на овој континент бидејќи според цртежите, пред Британците (наспроти општото мислење дека тие се првите туѓинци што стапнале на австралиското тло) Абориџините имале развиени трговски и други врски со припадници од други народи. [The rock art that redraws our history ]

- Реклама -