„Мене ме учеа дека медицинскиот скафандер служи здраво лице безбедно да влезе и излезе од контаминирана средина. Денес дознав дека можел да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина“, коментира на Фејсбук докторот Нико Беќаровски, по денешниот театар во Собранието, каде пратеници позитивни на Ковид-19, облечени во скафандери, присуствуваа и гласаа на седницата.
„Замислете утре преку 20.000 да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица“, се шегува Беќаровски, според кога она што денеска се случуваше во Собранието наликува на режија на Монти Пајтон.