Да гејмаш во хотел за гејмери

12491970_1556484768009250_902609074044317909_o

Единствен хотел за гејмери ​​е отворен во холандскиот главен град Амстердам. Во сите 36 соби на The Arcade Hotel има ретро-конзоли поврзани со телевизори и колекции на игри, јавува TechNews.

12484841_1556484334675960_1699387387140380852_o

Дизајнерите поставиле конзоли за игри и во ходниците на хотелот за уште поголема удобност на гејмерите, во прилог на списанија со стрипови и пијалоци. Во пракса, тоа не е типичен хотел, туку рај за гејмерите во кој тие можат да учествуваат и на турнири.

thearcadehotel

„Сакав да создадам место во кое туристите и гејмерите ​​ќе се чувствуваат како да се наоѓаат во домот на пријател“, изјави сопственикот на хотелот Даниел Салманович.

Искуството во The Arcade Hotel чини 38,25 евра на ноќ во соба за еден. Во иднина хотелот ќе го прошири бројот на собите до 45 и ќе отвори голема соба за мултиплеј.

fifaparty

- Реклама -