Да се излупи, или не?

Дали кората на јаболкото содржи хранливи материи кои секојдневно ги фрламе, или сиот нивни потенцијал можеме да го искористиме доколку ја излупиме?

Во кората на јаболкото се наоѓаат многу корисни состојки, па поради тоа не е потребно да го излупиме ова здраво овошје, пред употребата.

Кората содржи доста влакна

Целата јаболка во просек содржи 4,4 грама влакна, додека без кора вредноста се намалува на 2,1 грам.

Во кората се наоѓаат бројни витамини

Јаболката содржи 8,4 милиграми витамин Ц и 98 единици витамин А. Кога ја отстранувме кората, вредноста паѓа на 6,4 милиграми витамин Ц и 61 од витаминот А.

Јаболките штитат, ако ги јадеме со кора

Соединението кое е одговорно за олеснување на дишењето при конзумација на јаболките е кварцетин, и како што веќе погодувате тоа се наоѓа во најголем дел во кората. Едно истражување покажува дека луѓето кои што јадат пет или повеќе јаболки неделно, имаат поздрави бели дробови, благодарение на ефектите од ова соединение.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

boximage

Кварцетинот е добар за меморијата

Според истражувања од 2004 година, овој антиоксидант има голема улога во борбата против оштетувањата на ткивата во мозокот, кои се поврзуваат со Алцхајмеровата болест и други дегенеративни заболувања.

Кога јаболките делуваат первентивно на ракот?

Студија спроведена во 2007 година на Универзитетот Корнел открива дека соединенијата кои заеднички се нарекуваат тритерпеноид, и се наоѓаат во кората на јаболката, имаат моќ да ги инхибрираат или ублажат ќелиите на ракот во лабораториски услови. Овие соединенија особено се добри кај ракот на дебелото црево, црниот дроб и ракот на дојката.

Успешен борец против дебелеењето

Кората на јаболките исто содржи и урослична киселина која претставува важно соединение во борбата против дебелеењето. Таа поттикнува зголемување на мускулите, но и ги согорува калориите, намалувајќи го ризикот од дебелеење.

Одлични причини да уживаме во вкусот на „забранетото овошје“.

Прочитај повеќе: Што се добива ако направите неколку рецки на јаболкото и го оставите надвор?

- Реклама -