Далас настрада од Лејкерс

Лејкерс го декласираа Далас со 115:89 најавувајќи подобра сезона, додека Шарлот по две продолженија го совлада Вашингтон кој за малку ќе стигнеше до првата победа во сезоната.

ЛА Лејкерс конечно заиграа како што се очекува од нив. Прв пат по долго време Коби Брајант не беше прво име во тимот во нападот, иако го подели првото место на стрелците во тимот со 19 поени, но клучен играч беше Џејмисон со, исто така со 19 поени но и 15 скока. 19 поени уфрли и Мета Ворлд Пис додека Двајт Хауард заврши со 15 поени, 7 скока. Најефикасен во противничкиот табор беше Винс Картер со 16 поени.

Вашингтон Визардс беа многу блиску до првата победа во сезоната, но сепак загубија од Шарлот по две продолженија. Визардс го имаа последниот напад во мечот, но Вебстер погоди само еден поен од слободни фрлања, а Џордон Крофорд не реализираше шут по офанзивниот скок на Крис Синглтон.

- Реклама -