Далај Лама: Ако мигpaнтите останат, Европа може да стане „муcлимaнcка“ или „африканска“

Европа треба да е на Европејците, но може да стане „муcлимaнcка“ или „африканска“ ако мигpaнтите не бидат вратени дома во родните земји, вели во интервју за BBC будистичкиот духовен водач на Тибет – Далај Лама.

Тој смета дека само на „ограничен број“ мигpaнти треба да им се дозволи да останат, додека останатите треба да бидат обучени на некакви вештини, а потоа вратени. Според него, Европа има должност да ги прими луѓето кои имаат потреба од помош, но ако крајната цел е нивно враќање во родните држави.

„Примете ги, помогнете им, едуцирајте ги, но на крајот тие треба да се вратат во сопствените држави. Мислам дека Европа им припаѓа на Европејците… Ограничен број (мигpaнти) е во ред, но во спротивен случај Европа, во крајна линија, ќе се претвори во мycлимaнcка земја, африканска земја – тоа е невозможно“, смета Далај Лама.

Прочитајте и:  Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир

И лани во Шведска тој истакна дека бeгaлците треба да се вратат дома, за да помогнат во обновата на своите родни земји.

Според официјалните податоци на ЕУ, лани 4.4% од вкупно 512-те милиони жители на Унијата, не биле нејзини граѓани. Според статистиката, во 2017-та вкупно 2.4 милиони мигpaнти влегле во ЕУ од земји кои се надвор од Унијата. На светско ниво, се проценува дека има 70 милиони бeгaлци.

Во интервјуто, меѓутоа, Далај Лама истакна и дека е воодушевен од Европската унија како метод за избегнување на светски кoнфликти, додека прашан за американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека смета дека неговата политика „Америка прва“ е погрешна.

 

- Реклама -