Стотици авиони поминуваат само 12 метри над покривите на Myrtle авенијата, на крајот на пистата на Хитроу.
На прв поглед, Murtle авенијата, со зелени градини во пријатни полу-фамилијарни куќи изгледа како пригратска идила.
Но, изгледот може да лаже како што улицата, која се напоѓа во околината Хонслоу во Лондон, се верува дека е најгласната во Велика Британија, бидејќи се „комшии“ се со аеродромот Хитроу.
Тоа е една од најблиските улици до јужната писта на еден од најзафатените аеродроми во светот, со само стотина метри од аеродромскиот периметар, со авиони кои секојдневно летаат ниско над куќите полетувајќи или слетувајќи.
Во моментов има околу 1,280 пристигнувања на летови на Хитроу секој ден, најмногу помеѓу 6 часот сабајле и 11 навечер, а аеродромот ја менува пистата користена за слетување на авионите со цел да им обезбеди малку олеснување од бучавата за оние кои живеат во близина. Авиокомпаниите, исто така, се казнети ако нивните авиони ги прекршат ограничувањата на бучава поставени на 94 децибели во текот на денот, и 87 во текот на ноќта.
Потпарол на Хитрол има изјавено за Daily Mail: „Ние признаваме дека, како што има големи бенифиции за Велика Британија и локалните заедници, големината на аеродромот и значењето на Хитроу може да има негативни страни за луѓето кои живеат во близина.
„Ние превземаме значајни чекори за справување со бучавата; ги поттикнуваме авиокомпаниите да летаат само со нивните најтивки авиони во Хитроу, наплаќаме повеќе на авиокомпаниите кои имаат погласни авиони и имаме шеми да ги изолираме локалните имоти“, вели тој.
И покрај бучавата и нарушувањето на мирот, куќите сепак достигнуваат вредност од 277 илјади фунти во просек, затоа што областа е во близина на главниот град.
Погледот од улицата на двете писти станало популарно место за посматрачите на авиони, кои доаѓаат од целиот свет за да ги гледаат слетувањата и полетувањата на најголемите авиони во светот на Хитроу, најголемиот аеродром во Европа.