Нежниот џин од Тускон во Аризона би можел да биде најголемото куче на светот. Неговата должина од носот до опашот изнесува повеќе од два метри, од шепите до рамената повеќе од еден метар, а тежи повеќе од 110 килограми.

Четиригодишниот Џорџ повеќе наликува на пони отколку на куче, а неговите сопственици David и Christine Nasser чекаат потврда од Гинисовата книга на рекорди дека нивниот миленик е навистина најголем на светот.
Секој месец Џорџ јаде по 50 килограми храна, а спие во сопствен кревет со „кралски“ димензии. David и Christine се грижат за Џорџ од неговата седма недела, а не ни помислувале дека еден ден тој ќе порасне толку голем. Претходниот рекордер, германската дога Гибсон беше висок 2.18 метри. Почина во август од рак на коските. [Meet ‘Giant George’ the 7ft-long blue great dane who could be the world’s tallest dog]