Дали е ова вистинската причина за разводот?

Убавиот актер Орландо Блум неодамна се разведе од неговата сопруга Миранда Кер, а сега се шпекулира дека е во врска со своја колешка. Наводно се држеле за рака зад затворени врати…

2013-12-05 10_37_03-Orlando Bloom i Liv Tyler u tajnoj vezi_ - Dnevnik.hr

Пред сѐ пред неколку месеци светот на шоубизнисот се изненади од разводот на актерот Орландо Блум и манекенката Миранда Кер, а сега се претпоставува дека има нова љубов.

2013-12-05 10_37_20-Orlando Bloom i Liv Tyler u tajnoj vezi_ - Dnevnik.hr

Станува збор за познатата актерка Лив Тајлер, ќерката на легендарниот рокер Стивен Тајлер. Американските медиуми пишуваат дека тие двајца поминуваат многу време заедно, а се имаат запознаено на снимањето на трилогијата „Господар на прстените“.

Дека меѓу нив се развило нешто повеќе од пријателство покажало нивното заедничко излегување во Њујорк. Заедно гледале претстава на Бродвеј, и разменувале нежности во задните седишта, пишува магазинот Star. „Цело време се држеа за раце и заљубено се гледаа“, открил изворот.

Веста за новата љубов на Орландо се појави откако се појави предходна статија во која се пишува дека неговата поранешна сопруга Миранда и милијардерот Џејмс Пакер се во врска.

- Реклама -