Дали ја знаете разликата помеѓу КОСМОНАУТ и АСТРОНАУТ?

Веројатно сте забележале дека Валентина Терешкова и Јури Гагарин секогаш се нарекуваат космонаути, додека Нил Армстронг и Едвин Олдрин се астронаути.

Всушност, имињата космонаут и астронаут навистина не прават никаква разлика во значењето – сите се смели пилоти кои летаа во универзумот – при што едниот назив е советски или руски, додека другиот е американски.

Оваа разлика во називите се провлекува уште од периодот на Стуената војна и вселенската трка помеѓу САД и СССР- конфликтот меѓу двете сили не се водеше само преку локалните војни и револуции, во вселената и на улиците на Берлин, туку и со јазикот во двете земји. Имено, обете држави упорно воведуваа свои концепти, пред се во науката, од имињата на хемиските елементи до вселенските патници, со претензија да ги направат глобални.

Космонаутот се уште се користи и денес во Руската Федерација и земјите од Источна Европа, додека името астронаут се користи во САД и западните земји.

Двата термина се создадени со спојување на зборови од грчко потекло. Првото име, космонаут, на руски, буквално значи вселенски морнар.Создадено е со спојувањето на грчкиот збор наут, што значи морнар со зборот космос, кој првично означувал ред (со подлабоки значења во филозофијата и христијанската традиција) и користен како име за Универзумот. Американскиот астронаут буквално значи ѕвезден морнар и беше создаден на сличен начин, со спојување на зборот наут со астро, што значи ѕвезда.

Терминот космонаут се смета дека го измислил Советскиот вселенски инженер Михаил Тихонравов, а терминот ќе стапи во употреба откако херојот на Советскиот Сојуз од 1961 година, Јури Гагарин, беше првиот човек што успешно полета во вселената.

НАСА се одлучува да не го користи називот космонаут, туку називот  кој прв пат се јавува во научно-фантастичната литература од крајот на 19-от век. Астронаут за прв пат се споменува во 1880 година во СФ книга на англискиот писател Перси Грег, а измислен е од тогаш популарнито поим „аеронаут“ кој што означувал летач во воздух, а се користел како назив за пилот на балони.

Вселенската игра со зборови беше користена и по Студената војна – како пријателски одговор на негативната традиција на Студената војна, американскиот астронаут Норман Тагард, кој за прв пат леташе со руско вселенско летало во 1995 година, беше прогласен за прв „американски космонаут“.

Кинеските астронаути денес во западните медиуми честопати се нарекуваат тајконаути, што е хибриден збор создаден со спојување на грчката наут со кинеското име за вселената, tŕikong. Во Кина, тие обично се нарекуваат hángtian yuán, што значи кинески членови на вселенската програма што летаат на отворен простор (но, само во рамките на Сончевиот систем).

- Реклама -