Дали најдобро сочуваната холивудска тајна конечно ќе излезе на виделина?

Иако веќе со децении се зборува за тоа дека најпознатата холивудска блондинка била во љубовна врска и со Џон и со неговиот брат Роберт Кенеди, сепак, наводен сопственик на видео снимка која го потврдува ова не сака однапред да открие за какви сцени конкретно станува збор.

Поранешниот холивудски телохранител, Вилијам Катлбери, изјавил дека на легален начин го добил видеото кое судот му го одземал при запленувањето на имот заради тужбата која се води против него. Доколку Вилијам не плати 200 илјади долари на судот, видеото во вторник ќе се најде на аукција.

Robert Kennedy, Marilyn Monroe, John F. Kennedy
Мерилин Монро и браќата Кенеди

Вилијам не сакал да открие како го добил секс видеото кое толку долго се крие од јавноста, но вели дека го чувал во тајност од почит кон Џо Димаџо, поранешниот сопруг на Мерилин Монро, кој бил некогов добар пријател.

Некогашниот телохранител изјавил дека е свесен дека многумина мислат дека ова е уште една од низата лаги и измами, но тој инсистира дека на видеото дефинитивно се наоѓа Мерилин Монро која починала во 1962 година, во нејзината 36-та година од животот.

Доколку овие информации се вистинити, ова секс видео е дефинитивно најдолго сочуваната тајна во Холивуд.

- Реклама -