Дали некогаш ќе живееме на Месечината?

Кои се шансите луѓето да се вратат на Месечината со трајна мисија? Доктор Фил Плет верува дека тоа ќе се случи, вистинското прашање е кога, како и зошто.

Аполо мисиите беа скапа трка против Советскиот Сојуз, но со соодветна технологија и инвестиција трајна мисија трајна база на месечината би можела да биде дури и профитабилна. Едно сценарио подразбира рударство и производство. Астероидите се полни со ресурси кои можат да бидат експлоатирани за патување низ вселената, на пример кислород и вода, плус други вредни материјали кои можеме да ги користиме. Месечината е корисна за тој план.

Критичен аспект од ова е способноста за вадење на материјалите од астероидите и нивна обработка, аспект на која NASA и нејзините соработници се фокусираат. Една опција е металите извадени од астероидите да бидат искористени за градење на вселенски градби кои би биле неверојатно скапи за лансирање ако би биле изградени на Земјата.

Има многу примери, од големи вселенски летала за човечко истражување на планетите до џиновски телескопи во орбита, вселенски станици и многу други опции. Иако Меѓународната Вселенска Станица чини околу 100 милијарди долари, голем дел од тие пари беа потрошени на испраќање на готови елементи во вселената. Ако тие делови се веќе во вселената тогаш трошокот е далеку помал.

Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс

Топењето на материјалите во речиси безтежинската состојба на астероидите е една работа, но создавањето комплицирани компоненти за летала е друга. Производството најверојатно е полесно со гравитација и Месечината е одличен компромис за тоа. Испраќањето на материјалите до Месечината од астероид не е тешко.

А откако ќе бидат изградени, лансирањето на дури и тешки компоненти е далеку полесно од Месечината поради послабата гравитација и отсуството на атмосфера (за стигнување до Месечината беше потребна масивна Saturn V ракета а за полетување од Месечината беше доволен само еден модул од Аполо).

Создавањето на возила и други структури на Месечината е далеку полесно и поевтино отколку на Земјата. Од таму остатокот од сончевиот систем ќе ни биде на дофат. Тоа е само една причина поради која би се вратиле на Месечината. [Will we ever… live on the Moon?]

- Реклама -