Дали ова е една од најлошите филмски реченици?

Реченицата „Зарем уште врне? Не забележав?“, што ја изговара Енди МекДауел во филмот „Четири венчавки и еден погреб“ редовно се прогласува за една од најлошите филмски реченици.

Во сцена од филмот „Четири венчавки и еден погреб“ стоејќи на дожд, сосема мокри Енди МекДауел и Хју Грант разговараат, а ликот на Енди коментира „Зарем уште врне? Не забележав?“.

Токму оваа реченица е прогласена за една од најлошите во историјата, а станува збор за филм од 1994 година. Британскиот заводник кој го глуми Хју Грант на крајот на филмот ја остава вереницата пред олтар и во последната сцена се бакнува со атрактивната Американка што ја глуми МекДауел.

Но, таа не се согласува со тврдењето дека оваа реченица е една од најлошите филмски реченици во историјата и вели дека нејзиниот лик во филмот е толку вљубен што и не забележува дека врне дожд.

Денес, 54-годишната актерка вели дека гледачите и две децении по филмот сѐ уште се опседнати со оваа реченица и планира да ја повтори со прилагодена содржина за секое годишно време.

„Луѓето се навистина опседнати со таа реченица. Разговарав со ќерка ми за тоа и размислувам да снимам видео за секое годишно време. Така ќе стојам на снег и ќе речам „Зар вее снег? Не забележав“, на сонце “Зарем грее сонце. Не забележав“. Ќе го направам тоа во сите временски услови“, рекла актерката.

[youtube]http://youtu.be/GU9Z4i245Q4[/youtube]

- Реклама -