Дали ова е крајот на Шпанија?

Спрема официјалните резулати од парламентарните избори во Каталонија, партиите кои се залагаат за независност освоија апсолутно мнозинство во регионалниот парламент. 

get_image_variation

Најголемата сецесионистичка група, „Заедно за ДА“, освои 62 од вкупно 135 во парламентот, додека помалата левичарска партија Кандидатура за народно единство – ЦУП освои 10. Овие две партии би можеле да се здружат со што би имале 72 места што е повеќе од потребните 68 за апсолутно мнозинство во парламентот.
Каталонците изгласаа независност, рече претседателот на регионалната владата Артур Мас, по пребројаните 83 отсто од гласовите. „Победивме“ гласно извика Мас пред масата луѓе во Барселона.
И двете партии, уште претходно најавија дека за 18 месеци планираат да прогласат независност, на што се противи централната власт во Мадрид, наведувајќи дека тоа не го дозволува Уставот на Шпанија.

- Реклама -